На 12 Јуни 2024 година кога светата Православна Црква ги празнува Одание на Пасха, Преп. Исакиј Далматски и Мч. Наталија, Неговото Преосвештенство Бенедикт, еп. Aсториски служеше света литургија во манастирот Свети Наум Охридски и изврши ракополагање на монах Мојсеј во диаконски чин. Наредниот ден, кога светата Православна Црква го празнува Вознесението Господово - Спасовден, изврши ракополагање на иеродиакон Мојсеј во свештенички чин. Неговото Преосвештенство заедно со иеромонах Мојсеј и свештеник Георги отслужи света литургија во храмот посветен на Св. Спиридон Чудотворец.
news
Admin
1 min read
6 months ago
Views: 307