На 15 Мај 2024 год. Патријарх Кирил (РПЦ - МП), по повод 80 годишнината од смртта на „патријарх“ Сергеј (Страгородски), изврши панихида на гробот во храмот Св. Никола. По овој повод, патријархот Кирил не штедеше пофални зборови за „патријархот“ Сергеј, кој всушност, во 1927 година ја потпиша срамната „Декларација“, со која ѝ нанесе непоправлива штета на Руската Православна Црква, и овие штетни последици ги гледаме до ден денес.
По повод, изборот на Митрополит Сергеј за патријарх, синодот на Руската Православна Црква Задгранична (РПЦЗ), на 16 Октомври 1943 година, издаде јавно соопштение со осуда на псевдо-патријархот Сергеј од Москва: „Изборот на Митрополит Сергеј за патријарх на Москва и цела Русија не само што е неканонски, туку е и нецрковен, и политички чин, предизвикан од интересите на советската комунистичка влада и нејзиниот лидер, диктаторот Сталин, кои доживуваат тешка криза за време на војната и им е потребна помош од Православната Црква, која ја мразат, и до неодамна јасно ја прогонуваа… Изборот на патријархот и свикувањето на Соборот му се потребни на Сталин и неговата партија како средство за политичка пропаганда. Патријархот во неговите раце е само играчка, корисна алатка во неговите умешни комбинации. Тој ќе прави со него што сака. Додека немаше војна, беше невозможно во Русија да се избере патријарх и да се организира Синод. Но, кога смртоносна опасност се надвисна над комунистите, тогаш се појави целосна можност тоа да се направи на наједноставен начин… Патријархот е иерарх кој долго време се поклонуваше пред сатанската власт, кој во 1927 година во име на Црквата изјави дека се радува на успесите на оваа власт и дека нема прогон на Црквата во Советска Русија (изјава до странски дописници во 1930 година), иако сега самиот Сталин призна дека советската власт досега ги лишила рускиот народ од Црквата и слободата на религијата. А првиот акт на новата врховна црковна власт беа богохулните политички резолуции за воспоставување на посебна молитва за отворање на таканаречениот "втор фронт" и за анатемизација на руските луѓе кои се борат против комунистите и болшевичката власт.“
Целиот говор на патријархот: https://www.youtube.com/watch?v=kYuIKKaWgp4