Протоиереј Сергеј (РПЦЗ) заедно со неговата сопруга-матушка и нивните пет деца се протерани од Русија и им е забранет влез во Руската Федерација, бидејќи, како што се вели во соопштението „претставува опасност за државата“ и им е забранет влез во Русија до Мај 2074 година.
Тие целиот свој живот го поминаа во Бердјанск (Украина), и таму организираа православна парохија и изградија храм, иако о. Сергеј во политички партии никогаш не бил член, и тој дури и никогаш не проповеда на политички теми, иако никој од семејството нема прекршано закон на државата, сепак во ФСБ (ФСБ е директен наследник на КГБ) решиле дека отец Сергеј и неговото семејство не треба да им се дозволува влез во Русија.
Секако, сето ова се случува бидејќи денес Бердјанск, како резултат на војната помеѓу Русија и Украина, е освоен од руските војски и припоен кон Руската Федерација.
Да се молиме за Протоиереј Сергеј и неговото семејство!
Извор: Интернетсобор