Минатиот месец, настојателот на Руска Православна Црква Задгранична (РПЦЗ), под омофорот на Митрополит Агатангел, добил закани за депортација доколку не ги напушти просториите. Заканите дошле од претставници на Руската Православна Црква, пишува Сегашно Време.


Црквата Свети Сергиј Радонежски се наоѓа во градот Вишча Башестер (Villa Ballester) во близина на Буенос Аирес. Припаѓа на Руската Православна Црква Задгранична под омофорот на Митрополит Агатангел и никогаш не била во сопственост на Московска Патријаршија.


Рано вечерта во петокот, 13 септември, ѕвоното заѕвонел пред портите на храмот, а настојателот, отец Александар Смирнов, отидел да отвори. Видел двајца мажи кои побарале да влезат. „Многу луѓе сакаат да го видат храмот за да се помолат, и затоа јас го отворив“, се сеќава свештеникот. На снимката од надворешната надзорна камера се гледаат двајца мажи како влегуваат преку капијата. Според отец Александар, неочекуваните гости го предупредиле дека сега ќе им се придружат уште луѓе кои претходно чекале во автомобилот. Тие му кажале дека сите тие ја претставуваат Руската Православна Црква - Московска Патријаршија. Имало вкупно пет посетители. Тие биле снимени од надворешна надзорна камера (види сликата доле). Првиот што влегол низ портата бил човек во сива маица и темни очила, и о.Александар го препознал Андреј Андрушкевич, син на Игор Андрушкевич, позната личност во белата емиграција во Аргентина (1927-2021). Таткото и синот долги години биле парохијани на црквата Свети Сергиј Радонежски во Вишча Башестер, но во 2000-тите почнале да посетуваат друга парохија, која потпаднала под надлежност на Московска Патријаршија. Андрушкевич, според настојателот Смирнов, бил придружуван од претставник на аргентинскиот „Национален регистар на култови“ кој не зборувал руски.


Подоцна, му се придружил Епископ Јован од Каракас и Јужна Америка (во светот Петар Берзин), претставувајќи ја Руска Православна Црква Задгранична - Московска Патријаршија (РПЦЗ МП), редовен на официјалните настани на руската амбасада во Буенос Аирес, како и друг парохијанин на РПЦЗ МП Алексеј Попов (подоцна беше препознаен во видеото од други парохијани) и еден млад свештеник .


Следниот пат ќе дојдеме со полиција


„Им објаснив дека немам никаква врска со Руската Православна Црква, дека сум назначен во парохијата од Архиепископот на Сао Паоло и Јужна Америка Григориј, а тие ми рекоа дека ќе има нов настојател некој си Борис. Ветија дека ќе се вратат на 24 Септември“, раскажува отец Александар Смирнов. Тој одбил да го прифати документот што се обиделе да му го врачат. Тоа било писмо на меморандум на РПЦЗ МП до директорот на „Националниот регистар на култови“ на Аргентина со известување дека отец Борис Гладишев е назначен за нов свештеник на црквата во Вишча Башестер. Истовремено, во писмото не се спомнува ниту коментира дека оваа црква, нејзините поранешни и сегашни свештеници, како и мнозинството парохијани, отсекогаш биле против обединување со Руската Православна Црква и никогаш не му се покорувале на Патријархот Московски. (Копија од писмото е во сопственост на Сегашно Време (Настоящее время).) Според отец Александар, еден од „гостите“ му се заканил со депортација пред да замине: „Тој рече дека ако не го послушам, ќе ме депортираат од Аргентина и дека следниот пат ќе дојдат со полиција“.



Самиот отец Александар се јавил во полиција. Таму го ислушале и го советувале веднаш да се јави доколку „гостите“ се вратат. Големите аргентински медиуми објавија статии за она што се случи со наслови „Поднесена е жалба дека Кремљ се обидува да ги преземе аргентинските цркви“ и „Тие тврдат дека се закануваат и запленуваат цркви за да ја принудат Руската Православна Црква во Аргентина да биде лојална. на Путин“.


На 24 септември, триесетина парохијани се собраа во црквата Свети Сергиј Радонежски во Вишча Башестер за да му дадат поддршка на настојателот о.Александар и да се сретнат со претставниците на Руската Православна Црква, но никој не дојде да ги земе клучевите. Отец Александар смета дека на владиката Јован и на неговите придружници не им се допаднале објавите на аргентинските медиуми, но стравува дека тие нема да се откажат од своите намери.


Потсетување: Во Јужна Америка сите храмови на старата РПЦЗ одбија да влезат во соединување со Московска Патријаршија и останаа верни на своите претходници и сите храмови се под омофорот на Митрополит Агатангел, Њујоркшки и Источно Американски.


Преподобни Отче Сергеје моли се на Бога за нас и чувај го твојот храм!