Треба да се знае и ова, што го примивме во Палестина, дека во овој свет ден на Велики Петок не се служи литургија на Претходноосветени дарови, ниту пак друга литургија, но ни трпеза не поставуваме, ниту јадеме во овој ден на распнувањето. Ако некој е многу немоќен (болен), или е премногу стар, и не може да пости, му се дава леб и вода, по заоѓањето на сонцето. Зашто вака примивме од светите заповеди на светите апостоли, да не јадеме на Велики Петок, според зборовите Господови, што им ги кажа на фарисеите: дека, кога ќе се земе од нив Младоженецот, тогаш ќе постат во тие дни. Ова го примивме од апостолските преданија. Ова го предлага и посланието на светиот Архиепископ Александриски Дионисиј.
Од "Посен Триод"